Македонија Должниците за вода можат главниот долг и трошоците да ги платат без...

Должниците за вода можат главниот долг и трошоците да ги платат без камата, на рати

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека согласно Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, донелe одлука со која извршиле отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени кај нотарите и извршителите како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

„Согласно одлуката, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот. Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени,“ информираат од ова јавно претпријатие.