Македонија Дојранчани гласаа против рудници на нивна територија

Дојранчани гласаа против рудници на нивна територија

Жителите на Дојран денеска на референдумот гласаа против отворање на рудникот Казандол и против отворањето нови рудници.

Според резултатите објавени од општинската изборна комисија, на референдумот излегле да гласаат 51,22 отсто од регистрираните гласачи или 1.407 од 2.747 полнолетни жители. На референдумот излегле доволен број гласачи за тој да биде успешен бидејќи цензусот е 50 отсто плус 1 гласач.

Против продолжување на изградбата на рудникот Казандол гласале 1.336 жители, односно 94,95 отсто од вкупниот број излезени гласачи, а само 51 гласач биле за рудникот односно 3,62 отсто. Неважечки ливчиња имало 20.

Против отворање нови рудници на територијата општината, како што гласеше второто прашање на референдумот, биле 1.340 гласачи.