Македонија „Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ...

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Денеска се сретнаа претстевници на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кои ја договараат идната владина коалиција. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски. Од страна не ВЛЕН, пак, беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.