Македонија Доделени 38 апанажи на поранешни пратеници

Доделени 38 апанажи на поранешни пратеници

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги прифати барањата за апанажа на 38 пратеници од минатиот парламентарен состав, а на следната седница во вторник ќе го разгледува барањето од поранешната пратеничка Љубица Буралиева за отпремнина до пензионирање.

Барања за апанажи поднеле и новите вицепремиери Рамиз Мерко и Хазби Лика, како и Лилјана Поповска, која повторно стана пратеник по испразнувањето место на листата на ДОМ. Тројцата ќе добијат апанажи за периодот од престанокот на функцијата пратеник до назначувањето на новите функции.

Според Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица од 2014 година, поранешните пратеници земаат апанажа во зависност од бројот на месеците во кои биле дел од Собранието, но парите ќе ги добиваат најмногу една година.

Сумата што ќе ја добиваат 38-те пратеници ќе изнесува околу 1.000 евра месечно.