Економија Досега поднесени 184.182 годишни даночни пријави до УЈП

Досега поднесени 184.182 годишни даночни пријави до УЈП

До Управата за јавни приходи досега се доставени вкупно 184.182 годишни даночни пријави, а очекуваат да бидат поднесени 400.000 пријави.

Граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2015 година, до 15 март 2016 година.

Годишна даночна пријава (ГДП) задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска, односно самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет-страници.