Видео Дивац даде кош од средината на теренот и освои 90.000 долари

Дивац даде кош од средината на теренот и освои 90.000 долари

Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац, иако пред 10 години ја заврши својата кариера, синоќа за време на паузата од натпреварот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Голден стејт, даде кош од средината на теренот.

Дивац во текот на паузата пред второто полувреме го даде спектакуларниот кош и освои 90.000 долари, кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

На кошот му честиташе и легендарниот актер Џек Николсон, кој беше во публиката.

Дивац својата НБА-кариера ја почна во ЛА лејкерс, за кој играше од 1989 до 1996 година, а потоа во 2005 година, во истиот клуб ја заврши играчката кариера.