Македонија Дисциплински мерки против 59 вработени во МВР во декември

Дисциплински мерки против 59 вработени во МВР во декември

Во текот на декември минатата година, по спроведена дисциплинска постапка, донесени биле 59 решенија против исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) поради сторени повреди во работењето, соопшти денеска МВР.

Како што информираат оттаму, на 46 вработени им била изречена парична казна, на петмина – писмено предупредување, за четворица вработени одредена е мерка запирање на постапката, двајца се прераспоредени, а двајца вработени добиле отказ.

Откази, според МВР, добиле полицаец од полициската станица од општа надлежност во Крива Паланка, бидејќи за себе прибавил противправна имотна корист, односно поради кражба, и виш инспектор за превенција во полициската станица од општа надлежност Битола, кој неоправдано не дошол на работа три последователни дена.