Македонија Директорот на ОТА закажа, па откажа прес-конференција

Директорот на ОТА закажа, па откажа прес-конференција

Мандатот на актуелниот директор на ОТА истекува утре, а негов наследник не е избран, при што останува прашањето кој ќе управува со Оперативно-техничката агенција од петок

Принтскрин од прес-конференција во Влада на РСМ

Директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски вчера ги повика медиумите на прес-конференција која што требаше да се одржи денеска од 11 часот, но утрово од неговиот кабинет стигна соопштение дека се одложува пресот на неодложено време поради итни и неодложни работи.

Инаку, мандатот на актуелниот директор на ОТА истекува утре, а негов наследник не е избран, при што останува прашањето кој ќе управува со Оперативно-техничката агенција од петок. Станува збор за институција која управува со опремата за следење на комуникациите и преку која се активираат судските наредби за следење на комуникациите.

Инаку, Собранието на РСМ вчера попладне со 83 гласа „за“ ја изгласа предлог-одлуката за распишување на оглас за избор на нов директор на Оперативно-техничката агенција. Сепак, се поставува прашањето кој ќе управува со ОТА до моментот на избор на новиот директор.

Огласот за избор на нов директор треба да биде објавен денеска, а ќе трае 10 дена од неговото објавување во „Службен весник“ и во уште три дневни весници, од кои два на македонски и еден на албански јазик.