Македонија Димитров денеска на состанок на Мешовитата парламентарна комисија во Стразбур

Димитров денеска на состанок на Мешовитата парламентарна комисија во Стразбур

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Европскиот парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитата парламентарна комисија Република Македонија – Европска Унија. Таа е заедничка комисија предвидена во Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Македонија и ЕУ.

Димитров ќе има излагање за односите меѓу ЕУ и Македонија на воведната сесија со Европската комисија (ЕК) и Европската служба за надворешни работи (EEAS).

ЕК вчера ја објави Стратегијата за Западен Балкан, во која се вели дека предвидува проширување на ЕУ до 2025 година, за оние што ќе ги исполнат условите од членот 49 од Спогодбата за Европската Унија, вклучувајќи ги и критериумите од Копенхаген.