Македонија ДИК ќе го утврдува обликот на печатите на избирачките одбори

ДИК ќе го утврдува обликот на печатите на избирачките одбори

Државната изборна комисија попладневно закажа седница на која треба да ја разгледа и да ја усвои предлог-одлуката за утврдување на обликот на печатите на избирачките одбори во Република Македонија и на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, како и на избирачкиот одбор во Државната изборна комисија.

ДИК соопшти дека на дневен ред на седницата закажана за 17 часот е и разгледувањето и усвојувањето на нацрт-планот за едукација на општинските изборни комисии по тимови, планиран за 29 и 30 ноември годинава.