Македонија ДИК: Излезноста до 17 часот е 38,26 отсто

ДИК: Излезноста до 17 часот е 38,26 отсто

Фото: Мета.мк

До 17 часот на гласачките места излегле 38,26 отсто од избирачите, односно 690.082 гласачи, а според досегашното темпо очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус за успешност на вториот круг од претседателските избори, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на прес-конференција.

Тој додаде дека изборниот ден поминува мирно и не се регистрирани поголеми неправилности.

Меѓу општините во кои има поголема излезност се Аеродром (45,49 проценти,), Делчево (50,55 проценти), Демир Капија (60,28 проценти), Кочани (45,04 проценти), (Кратово, 55,76 проценти), Крушево (59,68 проценти).

Помала излезност е регистрирана во Арачиново (26,18 проценти), Боговиње (14,04 проценти), Брвеница (27,05 проценти), Гостивар (19,59 проценти), Липково (19,94 проценти).