Македонија ДИК: Излезноста до 15 часот во Штип е 23,03, а во Пласница...

ДИК: Излезноста до 15 часот во Штип е 23,03, а во Пласница 33,47 отсто од запишаните гласачи

Фото: Арбнора Мемети

Државната изборна комисија информира дека на предвремените избори за градоначалник на општина Штип и Пласница, до 15 часот во Општина Штип, гласале 9.620 гласачи, односно  23,03, проценти а во Општина Пласница, гласале 1658 гласачи односно 33.47 отсто од запоишаните гласови.

До овој момент до Државната изборна комисија не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.