Македонија ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список

Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК

Фото: Архива на Мета.мк

Државната изборна комисија (ДИК) ги повика сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список.

Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, преку писмен поднесок во подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна  комисија согласно подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК на upisis@sec.mk.

Барањето се поднесува на следниве обрасци: https://docs.google.com/document/d/129cLE_2Ik-4SwVb_7pzJG3GAWMNEZXNF/edit, https://docs.google.com/document/d/19AlOpqhYylio1qb8TbvSNwpXFtBq6Nsj/edit или https://docs.google.com/document/d/1eSP9vHXCJfsdvCr__ARSUkECMm8BCwGP/edit и со него се приложуваат потребните документи – копија од лична карта или пасош.