Главна секција ДИК: До 18.30 часот гласале 795.577 гласачи или 44,5 проценти од граѓаните...

ДИК: До 18.30 часот гласале 795.577 гласачи или 44,5 проценти од граѓаните со право на глас

Фото: Борче Поповски

До 18.30 излезноста е 795.577 гласачи односно 44,5 проценти од запишаните во избирачкиот список, според обработени податоци од 97,61 проценти од избирачките места, информираше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Тој оцени дека денешниот изборен ден поминал мирно и достоинствено без поголеми нерегуларности кои не се пријавени на избирачките места.

Општини кај кои е забележана голема излезност се Битола 53,26 проценти, Вевчани 65,23 проценти, Гевгелија 66,17 проценти, Демир Хисар 67,12 проценти, Дојран 65,52 проценти, Кавадарци 61,15 проценти, Карпош 55,91 проценти, Крива Паланка 70,49 проценти, Крушево 66, 97 проценти, Неготино 65,21 проценти.

Најмала излезност има во општините Шуто Оризари 26,91 проценти, Теарце 23,58 проценти, Струга 28,98 проценти, Желино 15,42 проценти, Гостивар 23,32 проценти, Липково 23, 93 проценти.

Избирачките места се затворија во 19 часот, а условот за успешни претседателски избори е исполнет, бидејќи се постигна потребниот цензус од 40 проценти излезност на гласачите со право на глас.