Македонија ДИК денеска ќе ја разреши Виолета Дума, замената ќе се бара на...

ДИК денеска ќе ја разреши Виолета Дума, замената ќе се бара на јавен оглас

На седница на Комисијата за прашања на избори и на именувања, денеска ќе биде разрешена Виолета Дума, неодамна избрана за член на Државната изборна комисија.

Како што објасни претседателот на оваа комисија, Зоран Илиоски, разрешувањето е поради тоа што Дума ги исполнува условите за заминување во старосна пензија. За пополнување на местото член на ДИК на предлог на СДСМ ќе биде распишен јавен оглас.

ДИК, пак, како што се најавува, денеска треба да одржи седница на која ќе биде избран генерален секретар од 14 кандидати што се пријавиле на огласот, со што конечно ќе се комплетира составот.