Свет Џихадистите го хакираа твитер-профилот на „Њузвик“

Џихадистите го хакираа твитер-профилот на „Њузвик“

Твитер-налогот на магазинот „Њузвик“ се најде на мета на џихадистичките хакери, кои на профилот поставиле слика од борци на Исламска држава со напис „Јас сум ИД“. На профилот се појавила и порака „Киберкалифат“.

„Додека САД и нивните сателити ги убиваат нашите браќа во Сирија, Ирак и во Авганистан, ние го уништуваме вашиот национален киберсистем“, стоеше во пораката на хакираниот профил.

Истата група ја презеде одговорноста и за наводното хакирање на твитер-профилот на централната команда на САД.