Македонија Џафери се сретна со високи офицери и цивили од Кралскиот Колеџ за...

Џафери се сретна со високи офицери и цивили од Кралскиот Колеџ за одбранбени студии

Претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со делегација на високи офицери и цивили од Кралскиот Колеџ за одбранбени студии од Лондон, предводена од Николас Еванс.

Од кабинетот на Џафери соопштуваат дека тој ги информирал за тековната и идната работа на Собранието поврзана со изборот на новата Влада, како и формирањето на работните тела на Собранието, измените на Изборниот законик во контекст на локалните избори наесен.

„Членовите на делегацијата имаа интерес за повеќе прашања, како од внатрешно-политички аспект, така и во меѓународен контекст, при што соговорниците разменија мислења за идните предизвици на новото Собрание, за улогата на Собранието како коректив на извршната власт, за европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија, прашањето за спорот со името, за односот, сензибилитетот и очекувањата на граѓаните на Република Македонија кон Европската Унија како посакуван ентитет, како и за различните меѓународни влијанија во контекст на интеграцијата на балканските држави во НАТО“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.