Македонија Џафери ги доставил барањата за притвор до надлежната комисија

Џафери ги доставил барањата за притвор до надлежната комисија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања вечерва ги доставил барањата за одобрување притвор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, известија собраниските служби.

Барањата се поднесени вчера од Основен суд Скопје 1, односно од Одделението за организиран криминал и корупција.

Џафери ги доставил барањата до надлежната комисија во согласност со членот 53, став 5 од деловникот на Собранието, се вели во соопштението.