Економија Девизните резерви се зголемуваат како резултат на задолжувањето на државата

Девизните резерви се зголемуваат како резултат на задолжувањето на државата

Девизните резерви во последното тримесечје забележаа пораст, што најмногу се должи на задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар со издавање еврообврзница, се вели во извештајот на Народна банка.

– Девизниот пазар веќе подолг временски период е стабилен, без потреба од поголеми интервенции од страна на НБРМ. Промената на девизните резерви во последниот квартал е во рамки на очекувањата во октомвриските проекции. Анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се во сигурната зона – се вели во извештајот на Народна банка.