Свет Свет Деведесет и пет лица побегнаа од затвор на Исламска држава

Деведесет и пет лица побегнаа од затвор на Исламска држава

Околу 95 лица побегнале од затвор во Северна Сирија со кој управуваат џихадистите од Исламска држава, соопшти Сириската организација за човекови права.

Меѓу побегнатите има и триесетина курдски борци.

Затворот се наоѓа во градот Ал-Баб, околу 30 километри јужно од турската граница.

ИД контролира поголем дел од северот на Ирак, каде води сопствени затвори, судови и други институции на таканаречениот „исламски калифат“, а кои опфаќаат и некои подрачја од Ирак.