Култура „Деца на сонцето“ од денеска во Кавадарци

„Деца на сонцето“ од денеска во Кавадарци

Од денеска, во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, ќе се прикажува најновиот филм на режисерот Антонио Митриќески, „Деца на сонцето“.

Претставите почнуваат од 20 часот, а билетите чинат 70 денари.

„Деца на сонцето“ на репертоарот е до петок, 21 ноември, и неговото прикажување во овој период е во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2014“, во чии рамки, пак, в среда, на 19 ноември, во галеријата при Домот на културата ќе се одржи промоција на новата книга – збирка есеи на Петар Наневски. В четврток, на 20 ноември, пак, исто така во галеријата при Домот на културата, ќе биде отворена изложба на фотографии од млади автори од Кавадарци.