Галерија Десетици лица протестираат против притворањето на пратениците за 27 април

Десетици лица протестираат против притворањето на пратениците за 27 април

Десетици лица денеска се собраа на протест пред Соборниот храм против, како што велат, притворањето на пратениците и останатите осомничени за насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

Тие денеска со зурли и тапани и бројни транспаренти протестираат од Соборниот храм и по булеварот Свети Климент Охридски и потоа по булеварот Теодосиј Гологанов се упатија кон Собранието каде секојдневно протестираат и бараат ослободување на притворените.

На транспарентите пишува „Правда и слобода за политичките затвореници“ (Justice and freedom for political prisoners) и „Јас сум Крсто“ (Je suis Krsto).