Економија Десет студенти ќе имаат можност да учат од директорите на пет големи...

Десет студенти ќе имаат можност да учат од директорите на пет големи компании

Десет студенти ќе имаат можност да учат од извршните директори на пет компании членки на Советот на странски инвеститори, во периодот од април до август оваа година, информираше денеска претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер.

Тој рече дека ова е доста уникатна и привелигирана програма за студентите.

– Студентите, постдипломците ќе можат да видат како извршните директори ги водат компаниите. На тој начин тие ќе стекнат искуство и работа на реални ситуаци. Можеби некој од нив ќе биде иден директор во некоја компанија во македонското стопанство – рече Петер.

Тој додаде дека доколку постои интерес, проектот кој е на иницијатива на Школата на млади лидери која е под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, ќе се спроведе и во следните години.

– За десет години ќе имате сто дипломци стекнати со меѓународно образование без да ја напуштат земјата, со што се заштедуваат средства – додаде Петер.

Првите десет студенти ќе учат од директорите на компаниите „Комфи ангел“, „Арчерол Митал“, „Ван Хол“, Пивара „Скопје“ и ЕВН.

Студентите може да почне да аплицираат уште од денеска на www.fic.mk.