Економија Денови на занаетчиството во Стара скопска чаршија

Денови на занаетчиството во Стара скопска чаршија

Годинава, петти пат  Занаетчиската комора на Република Македонија ја организира манифестацијата „Денови на занаетчиството во РМ“, која е под покровителство на Министерството за економија.

Манифестација има цел да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите, како чувар на традицијата и на културата на нашата земја.

Централната манифестација ќе се одржи денеска во 11.30 часот во хотелот „Буши ресот енд спа“ во Стара скопска чаршија.

Традиционално, во рамки на манифестацијата ќе се додели признанието „Занаетчија на годината“ од ЗКРМ, како и признанието „Признание за најуспешните“ кое го доделува Министерството за економија.

На манифестацијата ќе се обрати министерот за економија, Беким Незири, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, претседателот на Занаетчиската комора, Весна Симова, како и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ханс-Хелге Зандер.