Македонија Денеска заладување и засилен ветар

Денеска заладување и засилен ветар

Денеска попладне во северните делови ќе има развој на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветар, информираат од Управата за хидро-метеоролошки работи.

Во текот на ноќта, ќе се спушта постуден воздух од север и ќе дува умерен, повремено засилен ветар од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина околу 70 километри на час, што ќе предизвика опаѓање на температурата за 7 до 10 Целзиусови степени.

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од нашата земја.