Македонија Денеска врнежи од дожд, на места и обилни

Денеска врнежи од дожд, на места и обилни

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во северозападните, централните и во југоисточните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 11 Целзиусови степени, а дневната во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, со врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 10 Целзиусови степени.