Македонија Денеска во Собранието ќе се избираат членови на анкетната комисија

Денеска во Собранието ќе се избираат членови на анкетната комисија

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска напладне ја закажа собраниската седница на која единствена точка на дневен ред е предлог-одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и на членови на анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик-претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата, според предлогот, треба да бидат Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.

Анкетната комисија се  формира во согласност со Договорот од Пржино за намдинување на политичката криза.