Македонија Денеска во Собранието две седници на комисии

Денеска во Собранието две седници на комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржат седници на комисиите за одбрана и безбедност и за надворешна политика.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-законите за дополнување на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за одбрана, во прво, односно во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика, пак, треба да расправаат за предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.