Македонија Денеска во Скопје ќе почне проектот „Прошетај во моите чевли“

Денеска во Скопје ќе почне проектот „Прошетај во моите чевли“

Проектот е во форма на приказ на женски чевли, секој пар со своја приказна

Во рамки на кампањата „16 дена активизам во борбата против насилството врз жените и девојките“, денеска во Скопје ќе почне проектот „Прошетај во моите чевли“.

Проектот е во форма на приказ на женски чевли, секој пар со своја приказна. Приказот на празните чевли има двојно значење и асоцијација. Празните чевли претставуваат жени кои биле повредени или убиени, жени кои се соочиле со насилство. Празните чевли истовремено ја прикажуваат храброста на жените кои собрале сила да излезат од тој маѓепсан круг на секојдневно насилство.