Македонија Денеска во 18 часот, нов протест против одлуката на Иванов

Денеска во 18 часот, нов протест против одлуката на Иванов

Протестот против одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат истраги или правосудни постапки, продолжува и денеска во 18 часот, а почетокот е закажан пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Во објавата на „Фејсбук“ стои:

„Продолжуваме со мирен собир за поддршка на СЈО денес во 18.00 часот и ги повикуваме сите граѓанки и граѓани да ни се придружат. Се собираме пред СЈО, продолжуваме со марш до Министерството за Неправда и Народната канцеларија на Непретседателот. Протестот ќе заврши пред Собранието на Република Македонија кое го изгласа СЈО, со поддршка на сите парламентарни партии. Нема да ви помине аболицијата на криминалните политичари и укинувањето на СЈО!“

 

Инаку, протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во најголем дел помина мирно, освен неколку туркања меѓу демонстрантите и полицијата.

Мирно заврши и протестот во непосредна близина на седиштето на СДСМ.