Македонија Денеска умерено облачно, со температура до 14 степени

Денеска умерено облачно, со температура до 14 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно, со повремени сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и од југозападен правец.

Утринската температура се движи од -4 до 4 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 4 до 14 степени.

Во Скопје се очекува слично време, умерено облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 10 Целзиусови степени.