Македонија Денеска тропско време, температурите до 41 степен

Денеска тропско време, температурите до 41 степен

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб југоисточен ветер.

Нaсекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а УВ индексот ќе изнесува 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневните температури ќе се движат од 32 до 41 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло, со дневна температура до 41 Целзиусов степен.

Утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.
Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, најпрвин во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.