Македонија Денеска топло време со температура над 39 степени

Денеска топло време со температура над 39 степени

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со температура до 39 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време со температура од 18 до 38 степени.

Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат дека денеска источниот дел од земјата ќе влезе во жолта фаза.

Топлото време ќе прoдолжи до крајот на месецот, а првите денови од август ќе има благ пад на дневната температура со попладневни слаби врнежи од дожд.

Од утре се очекува температурата да надмине 40 Целзиусови степени.