Македонија Денеска топло со температура до 26 степени

Денеска топло со температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност.

Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец, но кон крајот на денот ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се спушти до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.