Македонија Денеска студено, најмногу снег на Маврово

Денеска студено, најмногу снег на Маврово

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровитo и студено, со умерен северозападен ветер, кој ќе биде најсилен долж Повардарието.

Максималната дневна температура ќе се движи од минус 9 до 1 Целзиусов степен.

Најмногу снег наврна на планините. Највисока снежна покривка има на Маврово, 43 сантиметри, потоа во Лазарополе – 34 сантиметри, во Дебар наврнаа 32 сантиметри, во Пожаране – 31 сантиметар, Крушево – 25, Берово – 20, во Тетово – 18 и во Битола – 13 сантиметри. Во Претор имаше 12 сантиметри снег, во Крива Паланка и во Штип – 10 сантиметри, 9 сантиметри во Струмица, 8 во Охрид, во Прилеп и во Кавадарци по 6 сантиметри, во Виница – 4, во Скопје – 3 и во Демир Капија – 1 сантиметар.