Македонија Денеска седници на Комисијата за економски прашања и на Законодавно-правната комисија

Денеска седници на Комисијата за економски прашања и на Законодавно-правната комисија

Седници на Комисијата за економски прашања и на Законодавно-правната комисија денеска ќе се одржат во Собранието на Република Македонија.

Членовите на Комисијата за економски прашања треба да се произнесат по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и о предлог-законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија, двата по скратена постапка во второ читање.

Овие две точки се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.