Свет Денеска се одбележува Светскиот ден на планетата Земја

Денеска се одбележува Светскиот ден на планетата Земја

I Денот на планетата Земја за прв пат е одбележан во 1970 година во САД, а денес го одбележуваат над 175 држави во светот.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Во услови на пандемија, кога се ограничи човековото движење и активност, се забележаа и првите промени во природата, како намалено аерозагадување, а некои животини се вратија во градовите.

Дел од државите кои беа најмногу погодени од корона вирусот со воведувањето на рестриктивните мерки за движење први ги забележаа и промените во животната средина. Тие веќе размислуваат во насока како може да ги подобрат условите за живот без да и наштетат на околината откако ќе се намалат мерките за спречување на вирусот.

Еко-активистите уште на почетокот на ширењето на корона вирусот апелираа дека е неопходна промена во животните навики на човекот.