Македонија Денеска се одбележуваат 71 година од ослободувањето на Скопје

Денеска се одбележуваат 71 година од ослободувањето на Скопје

Со низа активности и свечености денеска се одбележува 71-годишнината од ослободувањето на градот Скопје.

На партизанските гробишта во Бутел, владина и делегација од Градот ќе положат свежо цвеќе. Исто така, свежо цвеќе ќе се положи и пред споменикот на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на ослободителите на градот, кој се наоѓа на платото пред Владата на РМ.

Претходно градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ќе одржи средба со членовите на градскиот одбор на Сојузот на борците на НОВ.

Во фоајето на Македонската опера и балет, вечерва свечено ќе бидат врачени наградите „13 Ноември“, а ќе биде отворена и изложба на која ќе бидат презентирани ликовни дела создадени на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“.

Свеченоста ќе биде дополнета и со концерт на првенците на МОБ.