Македонија Денеска се берат бадникови гранчиња

Денеска се берат бадникови гранчиња

Скопските бадникари денеска во месноста Говрлевска краста одат на берба на бадникови гранчиња и на дружење со новиот и со старите кумови, здравичари на скопските бадникари.

Годинашен кум е Илија Малинковски – Ики, а желби за среќна, успешна и бериќетна 2016 година ќе посака здравичарот, пејачот Драган Мијалковски.

Прославата и доделувањето на бадникарскиот ќуп и делењето на бадниковите гранчиња со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со свештенството е на Бадник, на 6 јануари 2016 година, пред Соборниот храм во Скопје.