Македонија Денеска релативно студено време со дожд, а на планините и снег

Денеска релативно студено време со дожд, а на планините и снег

Под влијание на нов и релативно влажен бран, денеска ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите ќе бидат нешто повеќе застапени во југозападните и источните делови на земјава.

Температурата ќе изнесува меѓу 4 и 10 Целзиусови степени во текот на денот.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени.

Потоа во наредните денови следува период на стабилно и суво време, со пораст на дневните температури, кои од недела и во првите денови од следната седмица на места ќе го надминат 20-тиот степен.