Македонија Денеска променливо облачно време

Денеска променливо облачно време

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, при што повеќе облачност ќе има во јужните делови, каде што ќе има услови за слаб локален дожд а на планините слаб снег.

Дневната температура ќе се движи од 7 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Утринската температура достигна до 2 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 16 степени.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под 0, а дневните ќе бидат во пораст.