Македонија Денеска продолжува 85. собраниска седница

Денеска продолжува 85. собраниска седница

Денеска, Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи 85. седница, од чиј дневен ред преостанаа три точки предложени од пратениците од опозицијата, во прво читање и предлог- законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџетите, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за јавен долг, како и за предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, сите во прво читање.