Македонија Денеска пробна, утре почесна стрелба по повод Денот на Армијата

Денеска пробна, утре почесна стрелба по повод Денот на Армијата

Пробна артилериска стрелба / Фото: Министерство за одбрана

Во пресрет Денот на армијата на Република Северна Македонија, 18 август, денеска со почеток во 10 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија, информираат од Генералштабот на Армијата.

Оттаму посочуваат дека утре, 18 август, исто така со почеток во 10 часот ќе се изврши почесната артилериска стрелба со истрелување на 5 плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.