Македонија Денеска почнува судењето за убиството на медицинската сестра на Детска клиника

Денеска почнува судењето за убиството на медицинската сестра на Детска клиника

Судењето за убиството на медицинската сестра на Детската клиника во Скопје почнува денеска.

Убиството се случи на 9 јануари годинава, вечерта околу 19 часот, во кругот на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат.

Обвинето за убиството е 22-годишно момче од скопски Петровец, кое ќе одговара за убиство на бремено лице. Според обвинението, сè почнало со вербална расправија, по што тој најпрво ја турнал медицинската сестра на подот, а потоа ја задавил.