Македонија Денеска почнува екстерното тестирање за средношколците

Денеска почнува екстерното тестирање за средношколците

Во средните училишта во Македонија, од денеска до 30 јануари ќе се спроведува екстерна проверка на знаењето на учениците од завршните години (трета и четврта), во согласност со објавените распореди на интернет-страницата на Државниот испитен центар.

Министерството за образование и наука соопшти дека на наведената страница е објавена база со вкупно 50.400 прашања на македонски, албански и на турски јазик, кои ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и за стручно образование за сите струки, насоки и предмети.