Македонија Денеска облачно со слаби локални врнежи од дожд

Денеска облачно со слаби локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови. Утринската температура ќе се движи од два до 11 Целзиусови степени, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.

В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег.