Македонија Денеска облачно и студено

Денеска облачно и студено

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди и со умерен, на места, со засилен северен ветер. Во Маврово и во Пожаране провејува снег. Утринските температури се движат од -11 до 2 Целзиусови степени.

Во текот на денот ќе имаме сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места, засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 Целзиусови степени.