Македонија Денеска нова средба на работните групи за Договорот од Пржино

Денеска нова средба на работните групи за Договорот од Пржино

Денеска попладне повторно ќе се сретнат работните група на политичките партии за имплементирање на Договорот од Пржино.

Вчера по три часа заврши средбата на работната група, на која се разговараше околу изборната легислатива, но ниту еден од претставниците на политичките партии не даде официјална изјава за тоа како се одвивале преговорите.

Само претставникот на ЕУ, кој беше посредник на средбата, Питер ван Хојте, рече дека е оптимист.

Од неофицијални извори се дознава дека се разговарало за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година.

Тоа значи дека неколку месеци пред изборите граѓаните ќе треба да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки список.

На вчерашната средба копјата се кршеле околу тоа дали регистрацијата да биде задолжителна или доброволна.