Македонија Денеска нè очекува сончево време, од утре заладување и дожд

Денеска нè очекува сончево време, од утре заладување и дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од од нула до шест Целзиусови степени, а Максималната од 12 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 20 степени.

Од утре, под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Пообилни врнежи се очекуваат в среда во западните и во јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 литри на еден квадратен метар. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.