Македонија Денеска ќе се презентира извештајот за категоризација на македонските езера

Денеска ќе се презентира извештајот за категоризација на македонските езера

Град Охрид

Денеска во Скопје ќе бидат презентирани клучните наоди на Иницијалниот извештај за категоризација на Преспанско, Охридско и на Скадарско Езеро, којшто е подготвен во согласност со Рамковната директива за води на Европска Унија.

На настанот ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и простирно планирање, Стево Темелковски.

Извештајот е изработен во рамки на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридско, Преспанско и Скадарско Езеро.